По написот во OhridNews за појава на лисици во стариот дел од градот до нашата редакција се обратија повеќе жители од Варош кои потврдија дека лисиците можат секојдневно да се забележат во овој дел од градот.
Лисица се „шета“ низ Варош
Жителка од Варош ни испрати и фотографија направена деновиве и воедно не информира дека лисицата која можат да ја забележат околу нивната куќа е вистинска атракција за гостите.
– Лисицата е тука постојано и сношти ни беше во двор .Нас најискрено не ни пречи. Нашите гости, претежно странски туристи, се пријатно изненадени и се чудат како е ова возможно .Постојано повторуваат колку ви е убава Македонија, вели нашата сограѓанка.
Додека за дел од жителите лисиците се атракција, за некои од нив тие претставуваат опасност од ширење на зарази и бараат надлежните да преземат мерки за нивно отстранување.
Како што велат варошани, дувлото на лисиците е во околината на Самоиловите тврдини.
OhridNews