Германската тенисерка Сабине Лисицки се погрижи за нова сензација на Вимболдон откако во 1/8 финалето ја совлада Серена Вилијамс со 2-1 во сетови.

Американката на лондонскиот гренд слем турнир допатува како бранителka на трофејот, но таа немаше лек за расположената Лисицки која одигра маестрален тенис и заслужено ја елиминираше Вилијамс.

Претходно со судбина како од Серена Вилијамс се соочија Марија Шарапова кај жените, Рожер Федерер и Рафаел Надал во машка конкуренција.

Мх.П.