Сабина Лисицки и Марија Шарапова ја формираа првата полуфинална двојка на женскиот дел од тенискиот грен слем на Вимблдон.


Лисицки во првото четврт финале, во три сета, со 6:4, 6:7, 6:1 ја совлада Марион Бартоли од Франција. Лисицки на овој начин стана само втората тенисерка во историјата на Вимблдон, која низ квалификациите стигнала до полуфиналето и прва Германка по 22 години, која се пласирала меѓу најдобрите четири тенисерки на турнирот.

Противничка на Лисицки во полуфиналето ќе биде шампионката од 2004 година, Марија Шарапова. Руската тенисерка во четврт финалниот дуел ја збриша од теренот Доминика Цибулкова, победувајќи со 6:1, 6:1.

Во второто полуфинале играат Петра Квитоваи Викторија Азаренка.

“Макфакс“
Ohridnews