Во рамки на активностите посветени на Неделата на грижа за стари лица, од 18 до 24 ноември, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема „Еднакви сме сите“. На конкурсот може да учествуваат ученици од основните и средните училишта во општините Охрид и Дебарца со дела од поезија, проза и ликовна уметност.

Ликовните и литературните творби може да се доставуваат во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, или да се испратат на е-маил: [email protected], најдоцна до 15 ноември 2019 г.

Доставените творби ќе ги разгледува и оценува соодветна комисија, а најдобро рангираните автори по категории: прво до петто одделение; шесто до девето одделение и средно образование, ќе бидат објавени на 21.11.2019 година (понеделник) кога и ќе им се доделат соодветни награди.

Творбите треба да бидат потпишани од авторот со податоци за име и презиме, возраст, училиште-одделение/клас, контакт телефон и адреса на живеење.

OhridNews