По повод 8-ми Декември, Св Климент Охридски- Патрон на градот, општина Охрид распиша награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба. Темата на конкурсот треба да се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент Охридски.
За најдобрите поетски творби ќе бидат доделени три први награди во три различни категории: За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение); за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одд.); за ученици во средно образование (од прва до четврта година).
Износот на наградата за првата категорија е 2.000,оо денари; Износот на наградата за втората категорија е 3.000,оо денари; Износот на наградата за третата категорија е 4.000,оо денари.
Изборот на најдобрите поетски творби ќе го прави тричлена жири–комисија, формирана од градоначалникот на Општина Охрид.
Право на учество на овој Конкурс имаат сите редовни ученици од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид.
Наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод 8-ми Декември.
OhridNews












