Во организација на Центарот за култура, „Григор Прличев“ од Охрид и  Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, деновиве во главниот град на Бугарија се одржа промоција на охридскиот писател Тоде Илиески,  по повод неговата наградена стихозбирка за деца, „Чај од липа“.

За творештвото на поетот говореа д-р Наташа Аврамовска , директорот на Центарот за култура,м-р Драгана Боцеска и Доста Димовска, директор на КИЦ на Македонија во Сфија, Бугарија.

Овој настан наиде на широк одзив од тамошната јавност. Присуствуваа голем број поети, писатели, Македонци во Бугарија, а беше проследен и од амбасадорот и конзулот на Република Македонија во Бугарија.

Проектот е во целост финансиран од министерството за култура на Република Македонија.

OhridNews