Охридската библиотека “Григор Прличев” заедно со Здружението на граѓани Црногорци од Охрид, денес организира Литературен портрет за академик Сретен Перовиќ од Црна Гора. Беседник на портретот ќе кој ќе се одржи во Прличевата одаја ќе биде Тоде Илиески, а интерпретацијата ќе ја изведе Мариела Јовановиќ.
Сретен Перовиќ е овогодинешниот добитник на Повелбата „Академија на Медитеранот” што ја доделува Меѓународната литературна манифестација „Година на есејот”. Одлуката за добитникот на признанието во 2010 година едногласно ја донесе Управниот одбор на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци” од Струга. Од таму објаснуваат дека повелбата на Перовиќ му се доделува за високи дострели, афирмација, превод и негување на македонската и на црногорската култура, литература и јазик.
Перовиќ е поет, критичар, публицист, енциклопедист. Тој е еден од најплодните преведувачи на поезијата на Блаже Конески, Славко Јаневски, Анте Поповски и други еминентни македонски поети.
Проектот „Охрид In Situ – архитектура, континуитет и мудрост на местото“, на Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата „Континео“ од Скопје, ќе ја претставува Македонија на 20 Инт...
На 29092026 во 13:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ирина Гинова Мирка“ во Охрид, едно лице физички нападнало 73-годишно лице, двајцата од Охрид Таа се здобила со телесни повреди,...
За десетина дена треба да завршат градежните активности во поткровјето на охридската Гимназија, а следната година ќе продолжат и другите активности Веќе е изработен проектот за реконструкција на фа...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.