Охридските љубители на пишаниот збор од наредната година ќе можат повторно да се дружат и да разменуваат искуства во рамки на Литературниот клуб „Григор Прличев“, кој ќе функционира во рамки на охридската библиотека.
Според најавите, клубот ќе започне со работа од 10-ти јануари 2014 година, а литературните средби ќе се одржуваат секој петок од 17 до 19 часот, во просториите на библиотеката.
OhridNews