Полициската станица- Струга поднесе кривична пријава против две лица од село Лабуништа за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

На 4- ти јуни, во Струга едниот од пријавените влегол во менувачница и се обидел да размени банкнота од 200 евра. Откако вработениот забележал дека банкнотата е фалсификувана, случајот го пријавил во полиција, каде лицето изјавило дека банкнотата ја добил од второ пријавениот кој му ветил парична награда доколку ја размени банкнотата.

OhridNews