Со низа активности на кои ќе учествуваат членовите од Здруженијата на глуви и наглуви лица ширум земјава, денеска во охридскиот хотел „Далјан“ ќе се одбележи Меѓународниот ден на лицата со оштетен слух во светот.
Славица Стефановска од локалното Здружението на глуви и наглуви лица, информира дека овој Светски ден се одбележува со цел зголемување на свеста кај луѓето за група граѓани, кои се различни од повеќето, чиј најголем проблем претставува комуникацијата и достапноста на информации.
Инаку, во Охрид има околу 140 граѓани кои се регистрирани во локалното Здружение на глуви и наглуви лица. Од нив, околу 50 активни членови секојдневно го посетуваат центарот на локалното Здружение на глуви и наглуви лица, каде меѓусебно се дружат и комуницираат.
OhridNews