56-годишно лице од струшкото село Делогожда, вчера, во 22 часот, пријавило дека истиот ден околу 17 часот во Скопје на булевар „Крсте Мисирков“ додека бил застанат со неговото патничко моторно возило „Пасат“ во кое што биле тројца негови роднини, им се приближиле неколку лица, при што физички го нападнале.

Истиот се здобил со скршеница на левата рака и носот. Според пријавата, напаѓачите го нападнале и неговиот брат и син, по што истите се дале во бегство. Оштетените се упатиле во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде им е укажана лекарска помош.

Причина за настанот, според пријавата, е претходна расправија. Имено, околу 14 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза” Скопје, лицето од Делогожда имало сообраќајна незгода со братот на еден од напаѓачите. Се работи на целосно расчистување на случајот.

OhridNews