СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишно лице од гостиварското село Дебреште, поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“.
Првото кривично дело, пријавениот, го извршил на 26-ти декември во сервис за мобилни телефони лоциран во градскиот безистен во Струга, сопственост на лице од Октиси. Пријавениот со употреба на подесен предмет од излогот одзел повеќе мобилни телефони.
Второто кривично дело го извршил на 27-ми декември, во менувачница на улицата „Ѓорѓи Ѓоргон“ во Струга, сопственост на стружанец, при што со подесен предмет ја отворил вратата од каде одзел 50 швајцарски франци и метален сеф во кој имало метални монети денари и евра, со што е причинета материјална штета од 70.000 денари.
OhridNews