Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „даночно затајување“, полициската станица од Струга до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против 59-годишно лице од струшкото село Ложани и против правно лице Трговско друштво за угостителство, трговија и услуги.

Како што информираат од СВР Охрид, пријавениот, како управител на правниот субјект, во текот на 2012, 2013 и 2016 година со намера да одбегне плаќање на данок, не пријавувал дополнителни приходи остварени од угостителски услуги, со што давал лажни податоци за неговите приходи и приходите на правното лице.

На тој начин, пријавениот одбегнал плаќање на данок на додадена вредност, данок на добивка и персонален данок, со што го оштетил буџетот на Република Македонија за вкупно 3.899.058,00 денари.

OhridNews