Во Полициското одделение во Велешта, вчера, било пријавено дека бил извршен полов напад врз 55-годишно лице од Кралството Холандија. Истиот ден околу 14.30 часот во атар на село Вевчани, додека оштетената сликала стадо овци, овчарот и се доближил и побарал тој да ја слика заедно со стадото. Откако ја сликал, оштетената се поздравила со овчарот и тргнала кон своето возило.
Во тој момент лицето со употреба на физичка сила ја турнало на земја, легнало врз неа и почнало да ја допира по интимните делови од телото. Сторителот и се заканил со нож да не дава отпор и продолжил во намерата. Во еден момент оштетената успеала да се оттргне од него и се упатила кон возилото. Сторителот тргнал по неа, ја отворил вратата од совозачката страна и од нејзината чанта извадил паричник од кој одзел околу 2.000 денари, по што заминал во непознат правец.
По преземени мерки добиени се сознанија дека се работи за 29-годишно лице од село Подгорци, струшко. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.












