Од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Свети Наум“, вчера, кај место викано „Попо“ било затекнато 56-годишно лице од Поградец без документи. Со него имало една пушка марка „Бенелли“ со шест ловни куршуми и од страна на полицијата било најдено додека вршело кривично дело-“незаконит лов“, во подрачје под Националниот парк „Галичица“.
Лицето било приведено и задржано за понатамошна постапка.
OhridNews












