Во струшкото село Радолишта, вчера, околу 8 часот, 48-годишно лице, при чистење оџак на куќата во сопственост на неговиот брат, се лизнало и паднало од покривот на замрзната земјена површина, при што се здобило со тешки телесни повреди.

Медицинска помош му била укажана во Општа болница Струга, а поради сериозноста на повредите со Итна медицинска помош повредениот бил препратен во Клинички центар Скопје, но при транспортот починал.

Со одобрение на Јавен обвинител, телото на починатиот му е предадено на семејството.

OhridNews