Дебарско-кичевската епархија ги известува православни верници дека на 8-ми ноември, четврток, во црквата „Св.вмч.Георгиј“ во Струга, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св.вмч.Димитриј Солунски- Митровден“ со почеток во 8.45 часот.
Ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
OhridNews












