Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека на 14. Ноември, среда, во црквата „Св. Козма и Дамјан“ Варош, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. бесребреници Козма и Дамјан“.

Литургијата ќе почне во 8:45 часот, ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. (Едноцрквие)

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.

OhridNews