Од Дебарско–кичевската епархија информираат дека на 30-ти Септември, понеделник, во катедралната црква „Света Софија“, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“.
На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско–сиднејски г. Тимотеј.
На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“, едноцрквие.











