
Света литургија во овој манастир ќе се служи и на 8-ми август 2015 година со почеток во 8:30 часот.
Света архиерејска литургија, по повод празникот на „Света Петка“, ќе се служи и во црквата „Света Петка“ во манастирот Свети Наум Охридски, со почеток во 9 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј. Богослужби ќе има и во сите други парохиски цркви во Охрид.
По повод манастирската слава на манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека на 8-ми август 2015 година во сабота навечер по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и Свети великомаченик Пантелејмон“, во манастирот ќе се служи празнична вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј, со почеток во 19 часот.
Света архиерејска литургија, по повод празникот ќе се служи и во недела на 9-ти август 2015 година со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј, митрополитот Струмички господин Наум и митрополитот Европски господин Пимен.
 
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.
OhridNews
 
					



 
							





 
					