Дебарско–кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 8-ми август, вторник, во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија во параклисот „Св. Петка“, во манастирот „Св. Наум Охридски“, по повод празникот „Преп.мч-чка Параскева (Петка)“. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско–кичевски и администратор Австралиско–сиднејски г.Тимотеј.
Истиот ден вечерта во 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“–Плаошник, по повод празникот „Св. Климент Охридски и св.вмч. Пантелејмон“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј.
На 9 август, среда, со почеток во 08.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј.
Дебарско–кичевската епархија ги повикува сите свои вернци на заедничко прославување на овие празници.
OhridNews












