Дебарско–кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 2 јули, вторник, во манастирот „Свети Наум Охридски“, со почеток 19.00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св. Наум Охридски“.

На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј ќе се одржи и на 3 јули, среда, со почеток во 08:45.











