Дебарско–кичевската епархија информира дека утре, 7-ми декември, петок, ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“–Плаошник, по повод празникот „Свети Климент Охридски“ со почеток во 16 часот. Ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско–сиднејски г. Тимотеј.

На 8-ми декември, сабота, со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско–кичевски и администратор Австралиско–сиднејски г. Тимотеј.

На 09 декември, недела, по повод празникот „св. вмч. Георги и преп. Алимпиј Столпник“, во црквата „св. вмч. Георги“, во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско–сиднејски г. Тимотеј.

OhridNews