Дебарско–кичевската епархија информира дека на  10-ти јуни, недела, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско, со почеток во 9 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. Варлаам Архиепископ Охридски“. Ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско–сиднејски г.Тимотеј.

По завршувањето на литургијата ќе се освети новиот конак и црковната продавница „Кандило“, кај црквата „св. Богородица Перивлепта“.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко молитвено прославување.

OhridNews