Со света архиерејска литургија која ќе започне утре, во 9 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопре-освештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, ќе се одбележи 170 годишниот Јубилеј од изградба на црквата „Свети врачи Козма и Дамјан  од село Пештани.

По завршувањето на литургијата ќе биде промовирана монографијата по повод 170 годишниот Јубилеј од изградбата на црквата, од д-р Сашо Цветковски. Промотор на моногрфијата ќе биде академик Цветан Грозданов.

Исто така ќе биде промовирана и монографијата „Пештани“ од д-р Димитар Смилески. Промотор на монографијата ќе биде професор д-р Павле Митрески.

OhridNews