Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 3-ти февруари, сабота, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“-Плаошник, со почеток во 16 часот, ќе се служи вечерна богослужба, по повод  празникот „ Св.ап. Тимотеј“ (именден на Митрополит Тимотеј).

На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

На 4-ти февруари, недела, со почеток во 8.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

OhridNews