Дебарско–кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31-ви Јануари, среда, во метохот на манастирот Св. Наум Охридски–„Св.Атанасиј Велики“–Љубаништа, со почеток во 9 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. Атанасиј Велики“. Ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско–сиднејски, г. Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

OhridNews