Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека на 4 декември , четврток, во црквата „Света Богородица“- Каменско, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“.
Литургијата ќе започне во 9 часот, а на неа ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На светата литургија ќе има и ракопололагање во ѓаконски чин.
OhridNews