Македонската кошаркарска репрезентација забележа мошне значајна и убедлива победа во првото коло од квалификациите за европскиот самит наредната година во Литванија.


Македонија како гостин славеше на Украина со 71-58 (22-17, 9-13,17-20, 10-21). Тимот до победата стигна благодарение на подобората игра во второто полувреме.

Најпрецизен на мечот беше капитенот Перо Антиќ кој мечот го заврши со 26 постигнати поени, 6 скока и 3 асистенции.Огромна помош имаше од Гечевски кој уфрли 16 поени, притоа со 100 настотната прецизност од линијата за слободни фрлања.


Двоцифрен мечот го заврши и В. Стојаноски кој постигна 11 поени, натурализираниот македонец Грин има повеќе од солидна партија со седум успешни додавања,6 постигнати поени и пет украдени топки.

Во останатиот натпревар во нашата група Унгарија не домашен терен беше поразена од В. Британија со 91-82.

Во наредното второ коло , Македонија на 5 август на домашен терен ќе игра против Унгарија.

М.П.