Репрезентациите на Литванија и Русија обезбедија пласман на Олимписките игри во Лондон. На полуфиналните мечеви Русија со 85-77 ја совлада Нигерија , додека Литванија беше подобра од Доминикана со 109-83.

Последниот патник во Лондон ќе биде познат по мајсторката меѓу Нигерија и Доминикана.

М.П.