Охриѓанецот Аце Толески (27) ќе ја зголеми македонската колонија во Литванија. Во зимскиот преоден рок, Толески, од Кичевски Напредок мина во Албанската Беселиџа каде одигра само три натпревари.
– Во Литванија заминувам како позајмен играч – изјави за ohridnews Толески. Задоволен сум од договореното и по комплетирањето на докумeнтите заминувам за Литванија.
Сложената процедура за добивање на литванска виза , го врза Аце уште некое време во Охрид.
Во литванскиот шампионат во наредниве шест месеци ќе има тројца македонски фудбалери, и тоа сите ќе ги бранат боите на Ветра. Соиграчи на Аце Толески се нашите интернационалци Дејан Милошевски и Ѓоко Цветановски, кои подолго време се дел од овој тим.











