Официјалното отворање на Европското првенство во Литванија го одбележа соборувањето на Гинисовиот рекорд, за кој се заслужни литванските навивачи.

Во шест литвански градови Каунас, Вилнус, Клаипеда, Алитус, Шаиулаи и Пеневижус, повеќе од 55.000 вљубеници во кошарката пет минути истовремено ги тапкаа своите кошаркарски топки. Литванците го надминаа рекордот на Полска каде пред две години, кога ЕП се одржуваше во оваа земја, 30.000 луѓе ги тапкаа своите кошаркарски топки.


По навивачкиот перформанс, литванскиот премиер Андриус Кинилиус, градоначалникот на Вилнус, Артурас Зоукас, генералниот секретар на ФИБА, Нар Заролин и репрезентативецот на Литванија, Линас Клеиза, свечено ја пресекоа лентата и го прогласија Евро баскет 2011 за отворен.

Претседателот на ФИБА Европа, Олафур Рафнсон, им го честита соборувањето на рекордот на литванските навивачи, а на сите учесници на шампионатот им посака успех.

На ЕП учествуваат 24 секлекции, меѓу кои е и Македонија. Македонските кошаркари својот прв натпревар ќе го одиграат денес, со почеток во 14:30 часот, а противник ќе им биде Црна Гора.

“извор макфакс“
Ohridnews