Кошаркарите на АВ Охрид на домашен терен во втората рунда од плејаутот во Првата кошаркарска лига ќе го пречекаат составот на Струмица.
Струмичани се големи должници од натпреварите во регуларниот дел од Првата лига победувајќи два пати охридскиот состав во неизвесни и драматични завршници.
Во плејаутот двете екипи започнаа со победи, а поуспешниот од овој натпревар ќе биде чекор поблиску до опстанок во елитата.
Натпреварот започнува во 17 часот, а преносот во живо на Ohrid News ќе започне десеттина минути порано.
Вратите на спортска сала „Билјанини Извори“ се отворени за сите и поддршка од трибините ќе му биде добре дојдена на „галебите“ за лет во нова победа.
OhridNews