Кошаркарите на АВ Охрид во претпоследната рунда од плејаутот во Првата кошаркарска лига гостуваат во Струмица кај истоимената екипа.


Резултатски овој натпревар нема значење за „галебите“, но за домашните кошаркари мечот со АВ Охрид живот значи. Струмичани со победа ќе обезбедат опстанок и ќе ги преселат Пелистер и Вардар ранг подолу. 


Мечот во спортската сала „Парк“ во Струмица ќе започне во 19 часот, а преносот во живо на Ohrid News десеттина минути порано.

OhridNews