Кошаркарите на АВ Охрид во четвртата рунда од Првата лига на домашен терен во „Билјанини Извори“ ќе го пречекаат последнопласираниот на табелата, Кожув.
„Галебите“ против фенерџијата немаат право на грешка и победа е една и единствена опција. Од клупата на мечот со Кожув „галебите“ ќе ги предводи Владимир Ѓоровиќ поради суспензијата за Петар Чочороски.
Натпреварот започнува во 18 часот, а директниот пренос ќе започне пет минути порано.
OhridNews