Кошаркарите на АВ Охрид во Битола против Пелистер ќе ја спуштат завесата во првата полусезона од кошаркарската елита во Македонија.


Императивот и влогот на овој меч е голем, бидејќи играат две изедначени екипи според бројот на бодовите на табелата.

„Галебите“, еднаш беа поуспешни од битолските „зелено бели“, а со нов триумф ќе си обезбедат топла и мирна зима.


Натпреварот ќе започне во 18 часот, а преносот во живо на Ohrid News десеттина минути порано.

OhridNews