Во последниот натпревар од 37-та рунда од Премиер Лигата, Ливерпул на Енфилд го совлада Челси со 4-1. На некој начин “црвените“ му се реваншираа на Челси, за поразот во финалето од ФА Купот.


Победникот на дерби средбата беше решен во првиот дел, по кое Ливерпул имаше предност од 3-0. Во вториот дел “сините“ го намалија резултатот, но со уште еден гол во мрежата на Челси, Ливерпул обезбеди сигурен триумф.

Мх.П.