Импресивната победа над Арсенал со 3-0 ги подгреа надежите на навивачите на Евертон за пласман во Лигата на Шампиони. Но што ако со победата во последната рунда над Манчестер Сити, тие им ја осигураат титулата на градскиот ривал Ливерпул.

Ова е дилема во која се најдоа навивачите на “карамелите“ во пресрт на финишот во Англиската премиер лига. Според Силвин Дистин, некои навивачи на Евертон би се откажале од Лигата на Шампиони само да не им погонат на “црвените“ да стигнат до 19. Титула.

За Дистин и за фудбалерите на Евертон нема дилема, тие сакаат во премиерната сезона на Роберто Мартинез да стигнат до Лигата на Шампиони, прв пат по 2004-05 сезоната – Навистина е лудо, некои навивачи не сакаат да им “помогнеме“ на “црвените“, и да не играме во ЛШ, само Ливерпул да не ја освои титулата. За мене лично тоа е лудост. Јас повеќе би играл во Лигата на Шампиони, па дури и двата клуба да играат во елитната лига, тоа би било одлично остварување.

Дури и најзагреаните фанови на Манчестер Јунајтед, немаа ништо против да загубат од Манчестер Сити во градското дерби, само Ливерпул да не стане првак.

До крајот на Премиер лигата има уште пет рунди, а многу работи можат да бидат појасни викендов кога Манчестер Сити му гостува на Ливепрул. Со победа во директниот дуел, “црвените“ ќе може да го стават шампањското на ладење.

 

М.П.