Екипата на Ливерпул пред своите гледачи со 3-2 (1-1) го совлада Вест Хем и ја продолжи импозатната победничка серија во англиската Премиер лига. На „црвените“ им се потребни уште четири победи за математички да ја осигураат титулата во Англија.

Избраниците на Јирген Клоп потешко од очекувањата го скршија отпорот на Вест Хем за победа. Во првите 45 минути двете екипи постигнаа по еден погодок и резултатот беше 1-1. Во второто полувреме, Вест Хем поведе со 2-1. Ливерпул брзо се врати во игра и изедначи на 2-2, а голот за победа го постигна во 80-та минута.

Со триумфот над Вест Хем, Ливерпул стигна до 17-от во серија и го изедначи рекордот на Манчестер Сити за последователни победи во Премиер лигата. Во следната рунда, Ливерпул ќе има можност да го подобри рекордот.

OhridNews