Лидерот во Премиер Лигата, Манчестер Сити испадна во 1/2 финалето од Карлинг Купот откако не успеа да ја надополни (0-1) негатива од првиот меч со Ливерпул. “Граѓаните“ на “Енфилд Роуд“ ремизираа играјќи 2-2.


Ливерпул за трофеј ќе се бори по 2006 година кога го освоија ФА Купот. Менаџерот на “црвените“ Кени Далглиш во својата фудбалска кариера три пати ја освојувал титулата додека како тренер никогаш не се радувал на трофејот во Карлинг Купот.

“Црвените“ долги години беа неприкосневени во Англија со 18 титули. Манчестер Јунајтед минатата сезона ги престигна освојувајќи ја 19-та титулата. Ливерпул  сеуште со пет титули во Лигата на Шампиони се најтрофејна екипа која доаѓа од Премиер Лигата.

Мх.П.