Екипата на Ливерпул, го потврди шампионскиот афинитет сезонава во Премиер лигата совладувајќи Манчестер Јунајтед со 2-0 (1-0) на дербито на Енфилд во рамките од 23-та рунда.

Избраниците на Јирген Клоп, победата над големиот ривал ја обезбедија со по еден погодок во двете полувремиња. Во првиот дел, резултатот го отвори Вирџил ван Дајк, кој погодо со глава од корнер. Печат на триумфот стави Мо Салах, кој реализираше во судиското продолжение.

„Црвените“ со победата над Манчестер Јунајтед заокружија голем успех во Премиер лигата. Манчестер Јунајтед беше единствен состав кој Ливерпул не успеа да го совлада во текот на оваа сезона. Ливерпул сигурно маршира кон титулата и рекордот на Арсенал кој без пораз се искачи на тронот од англискиот фудбал во 2004 година.

Резултати: Барнли – Лестер 2-1, Ливерпул – Мен Ју 2-0

Табела: Ливерпул 64, Мен Сити 48, Лестер 45, Челси 39, Мен Ју 34..

OhridNews