Ливерпул минимално го совлада Манчестер јунајтед во дерби средбата од тертото коло на Премиер лигата. На легендарниот „Енфилд“, домаќинот славеше 1:0 со голот на Стариџ постигнат во 4-та минута од натпреварот.

По три одиграни кола Ливерпул е на чело на табелата со максимален учинок и 9 освоени бодови, додека Манчестер Јунајтед од исто толку натпревари има 4 бода.

OhridNews