Ливерпул само по своја вина не успеа да ја освои титулата сезонава и да стави крај на 24 годишната серија без трофеј во Премиер лигата. По поразот од Челси пред своите гледачи, Ливерпул неочекувано испушти сигурни три бода на гостување кај Кристал Палас откако имаше водство 3-0. Се е во рацете на Манчестер Сити, кој со победа во претпоследната рунда ќе биде само на бод од титулата петта во историјата.
Мх.П.