Екипите на Ливерпул и Челси доминираат во изборот за најдобрите во Премиер лигата. Напаѓачот на „црвените“ Луис Суарез ја однесе наградата за најдобар фудбалер, а Еден Хазард за најдобар млад играч.
Во составот на сезоната „сините“ имаат три фудбалери (Чех, Хазард и Кејхил) исто колку и Ливерпул (Џерард, Стариџ и Суарез), по двајца фудбалери имаат Манчестер Сити (Туре и Компани) и Саутемтон (Лалана и Шо), а еден има и Евертон (Колман).
Суарез, кој е најдобар стрелец во Премиер лигата со 30 погодоци му донесе второто вакво признание за Ливерпул по 2006 година кога Џерард беше избран за најдобар фудбалер.
Мх.П.