Премиерлигашот Ливерпул покажува интерес за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд, објави „Sky Sport Deutschland“.

Се истакнува дека евентуалниот трансфер на напаѓачот може да стане аргумент за Ливерпул во преговорите за нов договор со напаѓачот Мохамед Салах.
Едно од барањата на 29-годишниот Египќанец е сериозно засилување на составот. Салах побара и зголемување на платата.
Оваа сезона, Холанд одигра 16 натпревари за Борусија Дортмунд, постигна 19 гола и оствари четири асистенции.
OhridNews










