Kапитенот на Ливерпул Џордан Хендерсон поради повреда нема да му биде на располагање на тренерот Јирген Клоп во наредните три недели.

Хендерсон се повредил во вторникот на натпреварот со Атлетико во Мадрид, во Лигата на шампионите. Капитенот на „црвените“ во 80 минута побара да биде заменет.

Можеше да биде и полошо. Ја повреди тетивата во коленото. Не толку лошо каков што е случајот со Хари Кејн. Но ќе отсуствува три недели, што и не е добро. Сепак можам да кажам дека имавме среќа. – изјави Клоп.

Ливерпул в понеделник ќе игра против Вест Хем во 27 коло во Премиер лигата.

OhridNews