Најтрофејниот англиски клуб Ливерпул, ќе гостува во Скопје на 29 јули, а мечот ќе се игра во 20.45 часот. Билетите за мечот ќе бидат пуштени во проджба во понеделник и ќе чинат 300 денари.


1100 билети за Северната трибина се резервирани за навивачите на Ливерпул, а 500 билети нема да бидат пуштени во продажба бидејќи еден блок од трибината според прописите на УЕФА мора да биде оставен како тампон-зона меѓу домашните и гостинските навивачи. Во продажба ќе бидат пуштени 8.500 билети на редовните продажни места.

Во соработка со Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт се прават напори до четврток Јужната трибина на Филип Втори да биде комплетно оспособена за користење.  Во случај на отворање на Јужна за овој натпревар целиот нејзин капацитет ќе им биде доделен на домашните навивачи, а билетите ќе чинат 300 денари исто како и за Север.

Ohridnews