Пријатното време, овие денови намамува голем број млади да поминат по неколку часа на лизгалиштето на мраз во централното градско подрачје.

Лизгалиштетот претставува и инспирација, така деновиве момче ја запроси својата девојка на мразот, а младоженец зализга со животната избраничка. 

Овој објект кој неоддамна беше пуштен во употреба претставува вистинска атракција, а особено го обожуваат најмладите охриѓанчиња.

Инаку, лизгалиштето ќе работи секојдневно до крајот на месец јануари, односно се додека тоа го дозволуваат временските услови.

OhridNews