Охрид годинава празничната понуда ја прошири и со рекреативни форми. На градскиот плоштад интензивно се монтира лизгалиште на мраз кое ќе биде отворено вечерва. 

-Сметаме дека на градот Охрид му треба еден поинаков приод, граѓаните се желни и за рекреација наша желба е покрај разубавување, плоштадот да го напrавиме атрактивен како за граѓаните така и за гостите кои престојуваат во Охрид.-рече градоначалникот Бакрачески.

Лизгалиштетот на мраз ќе биде отворено со концерт на Ламбе Алабакоски, кој ќе започне во 20 часот. Претходно во рамки на 10-дневната новогодишна програма која започна вчера, на плоштад ќе настапат учениците од „Братство“ и „Григор Прличев“.

OhridNews