Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во утринските часови се одвива без забрани, забавено поради влажните коловози во пониските делови, и отежнато поради наместа остатоците од снег на повисоките места и планинските превои. Дополнително отежнување на сообраќајот предизвикуваат ниските температури и појавата на голомразица, информираат од АМСМ.

 Врнежи од снег во моментов нема, а на возачите им се препорачува крајна внимателност, прилагодување на брзината на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.

Ohridnews